12.6 C
Shtip
spot_img

Копенхаген е најдобриот град за живеење во светот!

По три години на врвот на годишната листа на „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit – ‘ЕИУ’), главниот град на Австрија е детронизиран од прекрасниот, преубав Копенхаген“, како што се наведува. Данската престолнина го зазеде првото место на топ-листата најпогодни градови за живот, на светско ниво за 2025 година, објавена вчера.

На списокот на сестринската организација на „Економист” се рангирани 173 градови од цел свет – врз основа на низа фактори, вклучувајќи здравје, образование, стабилност, инфраструктура и животна средина. Копенхаген ги победи Виена и швајцарскиот град Цирих, коишто се израмнија на второто место. Австралиски Мелбурн се задржа на четвртото место, а Женева (Швајцарија) е петта. Сиднеј (Австралија) се искачи на топ-10 листата – од седмото на шестото место, додека јапонската метропола Осака и Оукленд (Нов Зеланд) се изедначија на седмото и осмото место.

На деветтото место е Аделаида – третиот австралиски град на оваа топ-листа. Ванкувер (Канада) го зазеде 10-то место.

Зошто Виена годинава не е на прво место?

Иако австрискиот град сѐ уште има добри резултати во повеќето категории, параметарот во стабилноста опадна. Копенхаген, од друга страна, постигна високи резултати во сите критериуми. Остриот пад на оценките за австриската престолнина им се припишува на неодамнешните инциденти, вклучително и заканата со бомба на концертот на Тејлор Свифт минатото лето, што доведе до откажување на настанот.

– Глобалниот квалитет на живот остана непроменет во изминатава година, а како и во 2024., оценките за стабилност се намалени на глобално ниво. При притисокот врз стабилноста Виена ја загуби позицијата на најдобар град за живеење по три години, рече заменик-директорот на „ЕИУ“, Барсали Батачарја.

Виена не е единствениот град што забележа пад. Калгари падна од петтото место во 2024 година, на 18-то – откако доби пониска оценка за здравствената заштита, заедно со три други канадски градови, поради оптоварувањето на здравствениот систем на земјата. Торонто, исто така, падна од 12-то на 16-то место. И британските градови Лондон, Манчестер и Единбург бележат пад – Лондон од 45. на 54., Манчестер од 43. на 52., а Единбург од 59. на 64. место.

Хонолулу, Хаваи, САД – беше највисоко рангиран американски град на листата – се најде на место бр. 23.

Дамаск, Сирија, и натаму е на дното на листата – како најмалку погоден за живот во светот. Веднаш над него е рангиран либиски Триполи, главниот град на Бангладеш, Дака, пакистански Карачи и градот Алжир.  

━ повеќе содржини

Шакира ја сними песната за фудбалскиот мундијал 2026!

Шакира повторно ќе прави шоу, овојпат со новата официјална песна за Светското првенство во фудбал во 2026 година. Колумбиската ѕвезда ја најави „Dai Dai“...

„РОЛИНГ СТОУНС” ГО НАЈАВИЈА НОВИОТ АЛБУМ „FOREIGN TONGUES” – ЛЕГЕНДИТЕ СЕ ВРАЌААТ СО СВЕЖ РОК ЗВУК!

Легендарниот рок бенд Ди Ролинг Стоунс официјално го промовираше својот 25-ти студиски албум со наслов Foreign Tongues, кој ќе биде објавен на 10 јули. Новото...

ПИНГВИНИТЕ ИМААТ ДУРИ ДО 1.000 КРАТКИ ДРЕМКИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ!

Нови набљудувања покажаа дека пингвините можат да имаат дури до 1.000 кратки дремки во текот на еден ден. Наместо континуиран сон, овие птици практикуваат серија...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН БИЛА СОЗДАДЕНА „КОКА-КОЛА“ – ПИЈАЛОКОТ ШТО ГО ОСВОИ СВЕТОТ!

На денешен ден во 1886 година, американскиот фармацевт Џон Стиф Пембертон го создал газираниот пијалак кој подоцна ќе стане познат како „Кока-Кола“. Пембертон, кој експериментирал со...

Штипјанецот Горан Тонев промовираше нова песна!

"Со голема возбуда сакам да ви ја споделам мојата нова песна "Да си со мене" која ја снимивме со Јордан Манов. само неколку дена пред да...
spot_img