13.6 C
Shtip
spot_img

Животот уште еднаш ја победи смртта: Христос Воскресе, Навистина Воскресе, за многу години Велигден

Велигден за верниците е симбол за победа на животот над смртта. Ден кога на симболичен и традиционален начин луѓето го слават докажувањето на божествената моќ на Исус.

Христијански верници го слават најголемиот празник Велигден – Христовото воскресение, денот кога Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Житие

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти.

Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие. Евангелието подробно пишува за смртта. Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа. За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Веста ја прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не и’ поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите.

По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им гореа на сите.

Тропар

Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари.

Кондак

Кога си слегол во гробот, Бесмртен, си ја разурнал адската сила, и си воскреснал како победител, Христе Боже, Кој на жените мироносици им благовести: Радувајте се! Кој им даруваш мир на Твоите апостоли, а на паднатите им даваш Воскресение.

━ повеќе содржини

Денес се слави и чествува Покровита Богородица!

Денес е Покров на Пресвета Богородица – уште познат и како Покровита Богородица – голем празник кој со особена побожност се чествува во Штип,...

Автофагија – процес во кој организмот “се јаде самиот себе”

Целта на автофагијата е да го „изеде“ сето тоа што не чини во телото и да го претвори во енергија Автофагија во буквален превод значи...

Ако Лихтенштајн не прими „шестка“, тогаш и реми во Кардиф ни носи полесен ривал во баражот!

Македонската фудбалска репрезентација синоќа ремизира против Казахстан, додека Белгија славеше во Кардиф против Велс (4-2) што значи дека речиси сигурно ги изгуби шансите за...

Раде Рогожаров со голем кам-бек на музичката естрада!

По подолга пауза, една од најпознатите и најпозитивни јавни личности во Македонија, штипскиот актер, ТВ водител и пејач Раде Рогожаров, официјално најави дека се...

Столе Димитриевски: Целта е јасна, да излеземе на терен и да победиме

Репрезентацијата на Македонија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува составот на Казахстан, во меч кој може да биде клучен за...
spot_img