20.3 C
Shtip
spot_img

Детали за мистериозниот случај на Марија, девојката која беше најдена со скршеници во Дубаи – наводно била жртва на развратна забава со шеици

Украинката која беше најдена со скршени екстремитети и ’рбет во Дубаи ги разгоре гласините за развратните забави организирани од богати мажи кои ги силуваат и деградираат младите девојки на свиреп начин. Јавноста верува дека Украинката била жртва на ваква забава, пред да биде фрлена покрај пат, во критична состојба.

За многумина, Дубаи е место каде што можат да искусат раскош „од прва рака“.

Но, многумина ја игнорираат мрачната страна на Дубаи и бројните застрашувачки шпекулации и сведоштва за што навистина се случува таму, во светот на ултрабогатите шеици.

Гласините за вознемирувачките работи што се случуваат во Дубаи повторно се разгореа, по инцидентот со 20-годишна девојка од Украина.

Марија Ковалчук, која имала профил на Only Fans, исчезнала во Дубаи и десет дена подоцна била најдена покрај пат, жива, но со скршени екстремитети и ’рбет.

Целата приказна е ништо помалку од страшна и многумина сметаат дека Марија е една од многуте девојки кои станале жртви на супербогатите кои се во Дубаи.

Што знаеме за вознемирувачкиот случај и забавите кои наводно се одржуваат во Дубаи?

Марија била во Дубаи со пријателка од Русија, кога добила покана за забава во хотел.

Забавата била закажана за 9-ти март, а Марија кажала дека била поканета од двајца мажи кои ѝ се претставиле како менаџери на бизнис за модели.

Според украинските медиуми, и нејзината пријателка била поканета на истата забава, но ја одбила поканата и се вратила во Русија неколку дена претходно.

mrachnata-strana-na-dubai-detali-za-devojkata-koja-beshe-najdena-pokraj-pat-so-skrsheni-ekstremiteti-i-rbet-03.JPG

На 11-ти март, Марија имала лет од Дубаи до Тајланд, но откако не се појавила на аеродромот и не одговарала на телефонските повици и пораки, мајка ѝ и нејзините пријателки почнале да се загрижуваат.

Иако нејзиното исчезнување веднаш било пријавено кај надлежните, до 19-ти март никој не знаел ништо за Марија.

На 19-ти март, Марија била најдена покрај автопат во Дубаи во критична состојба, со скршени екстремитети и ’рбет.

mrachnata-strana-na-dubai-detali-za-devojkata-koja-beshe-najdena-pokraj-pat-so-skrsheni-ekstremiteti-i-rbet-06.JPG

Младата девојка била во толку лоша состојба, што не можела ни да комуницира, а ѝ биле направени вкупно четири операции за да ја спасат.

„Постои претпоставка дека била на забава. Ја најдовме Марија во болница, во критична состојба.

Со неа немаше ни документи, ни телефон, ништо. Ѝ направија операции и не може да зборува“, изјави мајка ѝ Ана за украински медиум.

mrachnata-strana-na-dubai-detali-za-devojkata-koja-beshe-najdena-pokraj-pat-so-skrsheni-ekstremiteti-i-rbet-4.JPG

Според полицијата во Дубаи, Марија се здобила со тешките повреди бидејќи влегла на градилиште и паднала од голема висина. Надлежните изјавиле и дека спровеле темелна истрага пред да дојдат до заклучокот.

Сепак, семејството на Марија ја негира изјавата на полицијата, додека мајка ѝ вели дека засега не може да коментира ништо повеќе поради тековната истрага.

Во јавноста, пак, наголемо се зборува за контроверзните забави кои наводно се организираат во Дубаи, најчесто од страна на богатите шеици.

Некои шпекулираат дека Марија несвесно отишла на ваква забава каде што веројатно била и силувана, пред да ја фрлат покрај патот за да умре.

mrachnata-strana-na-dubai-detali-za-devojkata-koja-beshe-najdena-pokraj-pat-so-skrsheni-ekstremiteti-i-rbet-02.JPG

Забавите, кои на интернет се познати како Porta Potty, наводно ги организираат богати мажи кои намамуваат млади жени, ветувајќи им дека ќе им помогнат во кариерата.

А на овие забави, тие ги деградирале жените, ги силувале и им правеле одвратни, незамисливи работи, како уринирање врз нив.

Некогаш жените биле и свесни дека од нив се очекуваат сексуални услуги, но искусувале деградирање за кое не дале никаква согласност.

mrachnata-strana-na-dubai-detali-za-devojkata-koja-beshe-najdena-pokraj-pat-so-skrsheni-ekstremiteti-i-rbet-7.JPG

Името porta potty е инспирирано од англискиот збор за подвижните хемиски тоалети, обично во сина боја, какви што има на настани со многу луѓе, како музички фестивали на отворено.

По инцидентот со младата Украинка, на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат апели до сите жени кои се во Дубаи, никако да не наседнуваат на ветувања дека некој ќе им помогне во кариерата.

Низ годините, се појавиле и жени кои тврдат дека биле на вакви забави или добивале понуди да прават одвратни работи за голема сума пари.

Засега не е точно познато дали Марија завршила на ваква забава, но се очекува самата да открие што ѝ се случило кога состојбата ќе ѝ се подобри.

━ повеќе содржини

Трамп го смени рецептот на Кока Кола, компанијата се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека Кока-Кола се согласила да користи „вистински шеќер од трска“ како засладувач во своите пијалоци што се...

МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЕТЕРЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ, ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВРЕДНА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Најголемиот ветерен парк на Балканот почна да се гради меѓу општините Штип, Радовиш и Карбинци на површина од 330 хектари, претежно на територијата на...

Кои се 5-те најпознати народи без држава, знаме и националност?

Во светот постојат стотици етнички групи, но не секоја од нив има сопствена национална држава. Некои народи, иако бројни и богати со култура и...

Кој всушност е новиот дечко на Јелена Карлеуша?

Јелена Карлеуша неодамна конечно ја призна својата врска со младиот кошаркар Никола Јовановиќ. Иако со месеци се шпекулираше за нивната врска, малкумина ги знаат деталите...

Пожар предизвикан од плински уред во текот на вчерашниот ден во Штип

Во текот на вчерашниот ден, во 14:30 часот во СВР Штип било пријавено дека од плински шпорет настанал пожар во куќата сопственост на Е.Л....
spot_img