13.2 C
Shtip
spot_img

Двајца пациенти се на респиратор, некои се со 60 отсто изгореници

Двајца од хоспитализираните 29 лица во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ по пожарот во дискотека во Кочани се на респиратор, а останатите се во стабилна состојба која постојано се следи оти се менува од час во час. Директорот на болницата, Небојша Настов,  вели дека  има уште двајца повредени на кои може да им треба респираторна поддршка.

„Засега двајца се на респиратор, но има уште двајца кои потенцијално може да завршат на респиратор во текот на денот и оставам простор евентуално да се влоши состојбата кај некој друг. Со надеж дека тоа нема да се случи. 29 пациенти се вкупно примени. Возраста е од 17 до 45 години. Се прави обработка на изгорениците, примарно отстранување на девитализираното ткиво. Заради тоа што во првиот момент не можете да видите кое ткиво е девитализирано, се прават преврски секој ден или секои два дена и се увидува потреба од отстранување на девитализираното ткиво. Изгорениците тргнуваат од 5-6% стигнуваат до 60% “, вели директорот Настов.

Тој објасни дека има пациенти кои вдишале чад, но и пламен.

„Работата е во тоа што најголемиот дел од изгорениците се во пределот на главата, на вратот и лицето, што подразбира дека најверојатно дошло до вдишување како на гасови така и на пламен. Не можеме да бидеме децидни во моментов колкумина ќе имаат потреба од респиратор“, вели директорот Настов.

Во овој момент, според него, нема барање за лекување во приватни болници или во странство. Понуда за помош на болниците директорот Настов вели дека имаат од Бугарија и од Србија. Евалуацијата на пациентите најави дека ќе ја прават на дневна база, ако има потреба и од час на час и подготвени се доколку има потреба да ги спремат пациентите и да ги испратат на лекување надвор од земјава.

━ повеќе содржини

Еминем конечно има девојка?!

Познатиот рапер Еминем (53) е во врска со својата фризерка Катрина Малота, објавува E! Online. Интересно е што двајцата се по потекло од Мичиген,...

Како денес би изгледале Југо, Стокец и Фиќо?

Ласло Наѓ Перге од Суботица отсекогаш бил заљубен во автомобилите, а неговата страст датира од неговото детство, кога почнал да црта и дизајнира своите...

Еве во кои 33 општини ќе има втор круг на гласање

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање кој треба да се одржи на 2. ноември. Неизвесно е дали во Старо Нагоричане ќе има...

ПАДНАА АМАЗОН, СНАПЧАТ, ФОРТНАЈТ, ПЕРПЛЕКСИТИ Проблеми со системот AWS предизвикаа прекини

Меѓу сервисите кои имаат проблеми се и Фортнајт, Канва и познатиот модел за вештачка интелигенција Перплексити. Според извршниот директор на Перплексити проблемот е во...

Резиме после првиот изборен круг: ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО 53 ОПШТИНИ ВО ПРВИОТ КРУГ, Вреди во 9, СДСМ 8, а ДУИ во 5

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашниот прв круг од локалните избори победи во вкупно 53 општини, Коалицијата Вреди во 9, СДСМ и Коалицијата во 8,...
spot_img