20.8 C
Shtip
spot_img

Гумите на бугати болид траат само 60 километри и чинат повеќе од половен автомобил

Кога станува збор за ретки хиперавтомобили кои чинат повеќе милиони долари и се направени само за тркачките патеки, логично е дека и трошоците за одржување се астрономски. Мени Кошбин, еден од 40-те среќници кои успеале да станат сопственици на бугати болид, со цена од 4 до 5 милиони долари, неодамна објави видео со интересни детали за хиперавтомобилот, вклучувајќи го и тоа што сè треба за да се спречи гумите да станат многу скапи гумени конфети.

Бугати препорачува сопствениците на болид да ги менуваат мазните гуми по само 60 километри користење на патека, со цел постигнување врвни перформанси и избегнување забивање во ѕид. А пред воопшто да се стигне до таму, гумите треба да бидат претходно загреани, па потоа монтирани и демонтирани три пати за постигнување некаков магичен „единствен шаблон на тракција“. Едноставно кажано, ова не се обични гуми.

Според Кошбин, нов комплет гуми за болид чини 8.000 долари. Иако тоа звучи скапо, сепак е многу подобро од озлогласениот пакет гуми за бугати широн кој чини 42.000 долари.

Бидејќи болид не може да се вози на улица, Бугати смислено го доставува со различен комплет тенки гуми за полесен транспорт. Ако успеете да му одолеете на поривот да беснеете на патеката и наместо тоа го чувате хиперавтомобилот во климатизирана гаража, тркачките гуми ќе траат околу пет години пред да треба да се заменат.

Друго нешто на што треба да внимаваат сопствениците на болид е дека неколку компоненти во ентериерот имаат рок на траење. Листата ги вклучува појасите на седиштата, некои тапацири, мешината за гориво и, секако, противпожарниот апарат. Подобро да се заменат овие работи на време отколку да се тестира нивната издржливост на брзина од 320 километри на час.

Кошбин е еден од првите купувачи во САД кој го добил својот бугати болид, искуство кое го сподели со своите 1,75 милиони следачи на Јутјуб. Неговата гаража веќе има импресивна колекција на егзотични машини, но дури и во тоа друштво бугати болид со својот 8,0-литарски W12 мотор и 1.600 коњски сили се истакнува како еден од најдобрите.

━ повеќе содржини

Трамп го смени рецептот на Кока Кола, компанијата се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека Кока-Кола се согласила да користи „вистински шеќер од трска“ како засладувач во своите пијалоци што се...

МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЕТЕРЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ, ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВРЕДНА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Најголемиот ветерен парк на Балканот почна да се гради меѓу општините Штип, Радовиш и Карбинци на површина од 330 хектари, претежно на територијата на...

Кои се 5-те најпознати народи без држава, знаме и националност?

Во светот постојат стотици етнички групи, но не секоја од нив има сопствена национална држава. Некои народи, иако бројни и богати со култура и...

Кој всушност е новиот дечко на Јелена Карлеуша?

Јелена Карлеуша неодамна конечно ја призна својата врска со младиот кошаркар Никола Јовановиќ. Иако со месеци се шпекулираше за нивната врска, малкумина ги знаат деталите...

Пожар предизвикан од плински уред во текот на вчерашниот ден во Штип

Во текот на вчерашниот ден, во 14:30 часот во СВР Штип било пријавено дека од плински шпорет настанал пожар во куќата сопственост на Е.Л....
spot_img