31.2 C
Shtip
spot_img

Во Штип синоќа се одржа Jam Session свирка во чест на Аце – Цеата

Штип и штипјани синоќа оддадоа почит кон својот сограѓанин Александар Коларов – Цеата, басист на групата ДНК, кој загина во трагичната несреќа во Кочани, на 16.март годинава.

На џем сесијата учествуваа многу штипски музичари, пријатели на Цеата, а свирката се одржа во штипскиот Дом на млади – местото во кое Цеата ги направи првите музички чекори и отсвири безброј свирки и концерти.

На свирката настапи и Горан Тонев, колега на Цеата од ДНК, кој емотивно се обрати до својот сакан колега и му порача дека никогаш нема да биде заборавен.

━ повеќе содржини

Штипјанец падна од автомобил во движење, заврши со тешки повреди

Дваесет и едногодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење, информира Министерството за...

Штипјанката Дора Милева доби меѓународна специјална награда за достигнување во биологијата!

Дора Милева достоинствено ги промовира СОУ „Јане Сандански“ – Штип, нашиот Штип и Македонија на меѓународната сцена во областа на природните науки! И во овие...

„Адиент“, „Кондево“ и „Техникал Текстајлс“ ги претставија инвестициските планови пред директорот на ТИРЗ

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, минатата недела ја посети ТИРЗ Штип, каде што оствари работни средби со раководствата на...

Околу еден милион денари ќе чини поправка на оштетените кровови на училиште и градинка во Штип – се врши проценка и на штетата на...

Околу еден милион денари се потребни за поправка на оштетените кровни конструкциии на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“...

Штипјанецот Тони Манев испиша спортска историја – истрча неверојатни 400 километри!

Подвиг за паметење, рекорд за почит и пример што инспирира! Штипјанецот Тони Манев оствари неверојатен спортски подвиг совладувајќи ултрамаратонска дистанца од 400 километри – резултат...
spot_img