8.7 C
Shtip
spot_img

Резиме после првиот изборен круг: ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО 53 ОПШТИНИ ВО ПРВИОТ КРУГ, Вреди во 9, СДСМ 8, а ДУИ во 5

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашниот прв круг од локалните избори победи во вкупно 53 општини, Коалицијата Вреди во 9, СДСМ и Коалицијата во 8, Националната алијанса за интеграција во 5, а Движење ЗНАМ, Демократската  партија на Турците, Унија на Роми, Група избирачи Менди Ќура и Група избирачи Азем Садиќи во по една општина.

Според првичните резултати на ДИК по обработени 99,94% од гласовите, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ победија во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, Брвеница, Бутел, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Кочани, Конче, Кратово,  Македонска Каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Чешиново-Облешево и Штип.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  води и во општина Маврово и Ростуше но таму нема доволна излезност на граѓаните.

Извор: ДИК
Извор: ДИК

СДСМ и Коалицијата освоија најмногу гласови во општините Богдацни, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Росоман, Центар и Чучер Сандево.

Кандидатите од Коалицијата ВРЕДИ победија во општините Арачиново, Боговиње, Дебар, Долнени, Желино, Сарај, Теарце, Тетово и Чаир.

Кандидатите на НАИ добија најмногу гласови во Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.

Кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски освои најмногу гласови во Куманово.

Курто Дудуш од Унијата на Роми освои најмногу гласови во Шуто Оризари.

Во Струга и Студеничани најмногу гласови освоија независните кандидати Менди Ќура и Азем Садики, а во Центар Жупа кандидатот на ДПТ Аријан Ибраим.

Се очекува, првиот круг во Центар Жупа, Маврово и Ростуше и во Врапчиште да биде повторен, бидејќи не е постигнат потребниот цензус на гласање да излезат од најмалку третина од запишаните избирачи.

Изборите за градоначалници во единиците на локалната самоуправа се вршат по мнозинскиот изборен модел, а изборите за членови на советите по пропорционален модел, во еден круг.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img