Меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“ организира посебен Jam Session во чест на нашиот драг колега Филип Стевановски.
Оваа вечер ќе биде посветена на неговиот дух, неговата љубов кон музиката и неговото наследство.
За неговото име вечно да одекнува, со гордост објавуваме дека воведуваме специјална награда „Филип Стевановски“, која ќе им се доделува на најуспешните натпреварувачи во дисциплините Поп и Џез.
• Сцената е отворена: Ги покануваме сите ученици, професори и слободни уметници.
• Без граници: Свириме сè – од класика до џез, од поп до импровизација. Секој инструмент и секој музички стил е добредојден.
Локација: Only fools and horses – bar and grill
Датум: 25.4.2026
Почеток: 20:00







