6.7 C
Shtip
spot_img

Ефтимова: “Очекуваме штетата за болницата од невремето да биде неколку милиони денари”

Првична процена на штетата во Клиничката болница Штип е неколку милиони денари, но чекаме извештај од осигурителната компанија – изјави денеска заменик-директорката на штипската болница Билјана Ефтимова, прашана колку се очекува да биде штетата предизвикана од невремето што на 21 јули го погоди Штип.

Освен извештајот од осигурителната компанија, додаде Ефтимова, се чека и уште една процена на штетата бидејќи по првиот нанос од невремето се појавени и други штети кои треба да се санираат.

„Тоа се однесува на кровот и на третиот кат каде што се сместени ортопедското одделение и ортопедската сала, како и единицата за интензивно лекување и кома-центарот. Тие се најоштетени бидејќи се останати без кров. Засега не знаеме колку точно е штетата, но сигурно ќе биде во милиони денари, што е секако многу“, изјави Ефтимова.

Министерот за здравство Сашо Клековски, кој денеска беше во посета на штипската болница, рече дека ја следат состојбата и дека во буџетот на болницата биле предвидени одредени средства за реконструкција.

„Министерството ќе ја следи работата и врз основа на процената ќе ги одобри неопходните средства да се завршат работите навреме и ортопедија да биде ставена во функција час поскоро“,изјави министерот.

Разорното невреме што на 21 јули годинава ја погоди земјава не го одмина ниту Штип. Таму, според податоците на УХМР, бил регистриран ветер со јачина од 134 километри на час. Во ваквите наноси, поголема штета претрпе и штипската клиничка болница, каде што се откорна кровната конструкција.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img