Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во една јавна установа . Градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и клонови, а за децата и родителите нема да има никакви промени.
Градоначалникот Иван Јорданов вели дека нема да има отпуштања на вработени, туку ќе се менува само начинот на организација. Целта е да се намалат трошоците и градинките да работат поефикасно.
,,По одлуката за оптимизацијата на трошоците во основното и средното образование во Општина Штип, одлучивме истото да го направиме и во згрижувачката дејност, односно кај детските градини. Поточно за јавноста, сакам да ебалорирам што значи тоа. Во моментот на територија на Општина Штип имам два правни субјекти, две градски градинки и неколку клонови, односно згради каде што се врши згрижувачката дејност. Со оваа одлука остануваат истите клонови, практично дечињата, родителите не се засегнати, туку се прави спојување административно. Од две правни лица во едно правно лице. Што ќе значи тоа, наместо два управни одбора или два директора, наместо двајца сметководителите, наместо две кујни, ќе имаме една кујан, еден директор, еден управен одбор, еден благајкник, со цел намалување на трошоците. Овде не се засегнати ниту вработените, никој вработените нема да остане без работа, туку стратегијата на среден рок е како ќе се пензионираат веќе постоечките вработени, внатрешно да се реорганизираат и да нема внесување на нови вработени на веќе испразнетитите или на во иднина испразнетите работни места. Со тоа ќе се намалт трошоците кои ги имаме во рамки на згрижувачкиот процес, детските градинки, ќе се зголеми продуктивноста и оптимизацијата.“, вели Јорданов.
Инаку, Јорданов дополнително посочи дека овие промени се прават со цел поголема продуктивност, намалени трошоци и одговорно, рационално работење на локалната самоуправа







