10.8 C
Shtip
spot_img

Ајкула од 2,5 метри се појави во плитко во Грција, посетителите во паника (видео)

Ајкула долга околу 2,5 метри се појавила во плитките води на плажата Лутра Ореас Еленис, во близина на Коринт, предизвикувајќи вознемиреност меѓу посетителите и жителите на областа.

Според грчките медиуми, морското животно било забележано на многу мала оддалеченост од брегот, во Коринтскиот Залив. Сведоци го снимиле моментот со мобилни телефони, а снимката брзо се проширила во локалните медиуми.

Иако глетката предизвикала паника и голем интерес на плажата, грчките медиуми наведуваат дека вакви појави не се целосно невообичаени во грчките мориња. Морски експерти претходно посочувале дека во Грција има повеќе видови ајкули, но најчесто станува збор за видови што избегнуваат контакт со луѓе и се движат по риби или храна во крајбрежните зони.

Во последните недели во Грција биле пријавени уште неколку слични појави на ајкули во близина на брегот, меѓу кои и случај во областа Виотија. Засега нема информации за повредени лица или интервенција поради инцидентот.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img