Грижата за потребите на потрошувачите и обезбедувањето квалитетно, сигурно и економично
снабдување со нафтени деривати, гас и биогорива се постојан приоритет на „Макпетрол“ АД.
Како водечки дистрибутер на горива во земјава, компанијата продолжува да вложува во
обновување и модернизација на својата мрежа на бензински станици.
По завршувањето на обновата, повторно започна со работа бензинската станица „112 Три
Чешми“ Штип. Објектот е уреден по современи стандарди, со функционален изглед и
исполнети технички и безбедносни барања. Станицата е отворена секој ден од 06:00 до 22:00
часот.
На потрошувачите им се достапни ULTRA горивата на „Макпетрол“, произведени со
технологијата Dual Action Technology. Во продажниот простор може да се најдат и разновидни
производи од дополнителната понуда.
Со почит,
„Макпетрол“ АД







