10.8 C
Shtip
spot_img

УТРЕ (21.МАЈ) СРПСКАТА ПЕЈАЧКА ГОЦА ТРЖАН ЌЕ ПЕЕ ЗА 30.РОДЕНДЕН НА ОПШТИНА КАРБИНЦИ

Општина Карбинци својот 30-годишен јубилеј од постоењето ќе го одбележи со повеќе културни и спортски активности како и со настап на повеќе бендови и естрадни ѕвезди од странство. Настанот ќе се одржи на фудбалскиот стадион во општина Карбинци.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на прес-конференцијата не кажа ништо што е направено изминатите 30 години во општината, кои инфраструктурни проекти се реализирани. Кажа дека на прославата главна музичка ѕвезда ќе биде српската пејачка Гоца Тржан, а во музичката програма покрај Тржан ќе гостува и групата „Енерџи бенд“ со Ѓоко Јовиќ.

По повод патрониот ден на Општина Карбинци, православниот празник „Св. Спас “ на 21 мај ќе има натпревари во мал фудбал и боречки турнир затоа што од оваа општина потекнуваат повеќе македонски боречки репрезентативци и олимпијци.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img