Објектите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата – предлага Владата
Со предлог-законот за игри на среќа усвоен од Владата, дополнително се предвидува во обложувачниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта да не биде дозволено поставување електронски видеолотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа
„Се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат во игри на среќа. Се забрануваат пораки кои коцкањето го претставуваат како пат до финансиски успех, подобар живот или решение за лични и социјални проблеми. Дополнително, се забранува рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници“.







