32.1 C
Shtip
spot_img

Во Штип приведен управител на образовен центар: Осомничен за недолично допирање на малолетнички

Полицијата во Штип приведе 65-годишен маж со иницијали А.Ш., по сомнежи дека во својство на управител на локален образовен центар, во тек на дополнителна настава подолг временски период недолично се однесувал кон неколку малолетни ученички, допирајќи ги по телото.

Случајот бил откриен откако родителите заедно со своите деца и претставници од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип се обратиле во полициска станица и го пријавиле настанот.

По пријавата, по наредба на суд, биле спроведени претреси во домот на осомничениот, како и во просториите на образовниот центар што го управувал. При тие активности биле одземени предмети кои, според истрагата, може да бидат значајни како докази во понатамошната постапка.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава. Судот подоцна му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img