12.4 C
Shtip
spot_img

FoxTv дава 50.000 долари за навивач кој ќе ги гледа сите натпревари од фудбалскиот мундијал

Fox Sports, која со голема еуфорија влегува во проектот за Светското првенство и веќе го ангажираше Златан Ибрахимовиќ како стручен консултант, нуди 50.000 долари за навивач кој ќе ги гледа сите натпревари од Светското првенство.

Fox Sports бара некој да ги гледа сите 104 натпревари за време на турнирот. Компанијата се здружи со Indeed за да ангажира „главен набљудувач на Светското првенство на FOX One“.

Најавено е дека ангажираниот навивач ќе ги гледа натпреварите во живо во 4K резолуција на FOX One од специјално изградена област за гледање на „Тајмс Сквер“ во Њујорк.

Улогата е повеќе од само седење и гледање на натпреварите, бидејќи од среќниот навивач ќе се очекува да креира и споделува содржини на социјалните мрежи во текот на турнирот, покажувајќи ги своите реакции додека ја следи секоја минута од акциите на Мундијалот, соопшти FOX Sports.

„Ова Светско првенство ќе биде историски турнир кој бара подеднакво историско вработување. Еден ангажиран кандидат ќе ја добие работата на својот живот за да ја доживее и прослави секоја приказна, секоја нација и секој возбудлив момент што ја дефинира прекрасната игра“, рече Роберт Готлиб, претседател на маркетинг во FOX Sports.

За да бидат земени предвид за позицијата, FOX ги поканува кандидатите да ги креираат своите профили на Indeed до 17 мај доколку сакаат да бидат земени предвид.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img