Езимит Капитал, дел од бизнис-групацијата Езимит, поврзана со инвестиции и винскиот бизнис, е компанијата со најголема остварена добивка од Штип за 2025. Фирмата на бизнисменот Зоранчо Митровски има добивка од 6,27 милиони евра за минатата година.
Техникал Текстајлс, германската инвестиција која работи со производство на технички текстил и производи од стаклени влакна/фиберглас, е на второто место, а во првите три е уште Актива, компанијата која прави челични конструкции за инвеститори како Лидл и Ван Хол.
Кондево од Италија, со производство на компоненти за бојлери, односно топлотни разменувачи за бојлери, е четврторангиран, а на петтатат позиција е компанијата за дистрибуција Оаза Екстра-Скопско.
Понатаму следуваат трговецот со мотоцикли и квадрицикли Хамачи, Нов Тренд Штип, фирма што почнала како поддршка на текстилната индустрија, а денес е активна и во индустриски недвижности, логистички магацини и производствени капацитети, како и Адиент Сеатинг, уште еден странски инвеститор од технолошката индустриска зона во Штип.
На 9.место е Нико-2002 која работи со текстил, трикотажа, конфекциски репроматеријали, а Топ-10 завршува со КТМ Енерџи Солушн, која проектира и гради фотоцентрали.
Извор: Фактор Мк







