Годинава, по втор пат во Штип се организира Shtip Street Food Festival. Од 15ти до 17ти мај Штипското шеталиште “Ванчо Прке” ќе биде епицентар на вкусни различности на храна, многу забава, музика и насмевки.
Настанот започнува во петок (15.05) во 17:00 часот со настап на DJ Goce и DJ Chvare со безвременски хип хоп хитови! Сабота е предвидена за целодневна забава – во 12:00 часот настап има локален ДиЏеј и многу изненадувања за посетителите. Вечерта настап ќе има познатиот алтернативен рок бенд South Park. Недела (17.05) – целодневна журка со DJ Александар Јорданов од Скопје.
Влезот за посетителите ќе биде бесплатен, а ќе бидат поставени штандови за пијалоци и храна. Штипјани и сите гости ќе можат да пробаат најразлични вкусови на мексичка, америчка, италијанска, шпанска, турска кујна…
Настанот е поддржан од општина Штип и градоначалникот г-дин Иван Јорданов!







