19.4 C
Shtip
spot_img

Штипскиот вундеркинд Дамјан Давков повторно златен на математичката олимпијада!

Дамјан Давков освои златен медал на првата Европска математичка олимпијада (ЕМО) што се одржува во Вилнус, Литванија. Воедно, тој ја предводи табелата на најдобри натпреварувачи делејќи го првото место со Маргулан Шарел од Казахстан.  Со тоа станува севкупен победник на првата ЕМО. Од Македонија сребрен медал освои Ивано Божиновски, а бронзен – Леонид Тодороски. Во екипен пласман е освоено високото 6. место според бројот на одличја, после Казахстан, Украина, Бугарија, Франција и Грузија. Во нашата репрезентација учествуваа и Марко Митевски, Андреј Тасиќ и Филип Џамбаски, а го предводат Илија Јовчески, водач и Лука Хаџи Јорданов, заменик водач.

На натпреварот учествуваа 124 натпреварувачи од 19 земји од Европа. Целта е Европската математичка олимпијада e да се организира како бесплатен натпревар исклучиво за европските земји. Идејата е настанот да ги собере младите математичари од цела Европа и да им обезбеди подготовка на високо ниво за Интернационалната математичка олимпијада. Светскиот натпревар годинава ќе се одржи од 10 до 21 јули во Шангај, Кина.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img