22.5 C
Shtip
spot_img

Новиот најмал електричен „Смарт“ автомобил пристигнува во септември

Компанијата „Смарт“ со концептниот модел под ознаката „#2“ откри како ќе изгледа наследникот на популарниот електричен двосед „EQ Fortwo“, чија производна верзија ќе биде претставена во септември. Брендот, кој од 2019 година е во поделена сопственост со германскиот „Мерцедес“ и кинеската компанија Гили“ (Geely), најави дека новиот најмал модел ќе ја користи новата ознака #2.

Според новата филозофија на компанијата, сите модели сега се произведуваат во Кина, а купувачите на новата генерација на најмалиот електричен автомобил, дизајниран од „Мерцедес“, ќе можат да сметаат на минување до 300 километри со едно полнење на батеријата. Ова е значително подобрување во споредба со претходникот, чија батерија од 17,2 kWh овозможуваше движење до 135 километри.

Познато е дека моделот Смарт #2 е заснован на новата ECA платформа (Electric Compact Architecture). Еден од најмалите електрични автомобили што ќе им се нуди на купувачите во Европа ќе ја поседува и функцијата „V2L“, која овозможува напојување на надворешни уреди со електрична енергија од возилото. Новата технологија на батериите ќе овозможи нивно дополнување од 10 до 80 отсто за помалку од 20 минути. Иако крајните димензии не се откриени, изгледот на концептот покажува дека новиот „херој на улиците“ по димензиите ќе остане сличен на претходникот, кој беше долг 2,7 метри.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img