100 нови возила Владата набави за потребите на Македонски Пошти. Ова не е случајна одлука, но реална потреба за која Македонски Пошти треба квалитетно да одговори на потребите на граѓаните, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски при предавањето на возилата за користење од страна на Македонски Пошти.
Со овој потег, се дава до знаење на граѓаните дека оваа институција полека ја надминува кризата и повторно ќе работи во полна пареа.







