За најмногу две недели треба да се потпише договорот со цел да продолжи изградбата на шштипската Клиничка болница. Како што посочи министерот за здравство Азир Алиу денеска од Кочани, од нивна страна сите активности се завршени и се чека конечната информација од страна на Министерството за финансии. Со ова ќе продолжи изградбата на новата клиничка болница во Штип, кој ќе ги опслужува пациентите од целиот регион.
„Јас имав неколку состаноци и со Владата на Велика Британија но и со финансиските институции, од наша страна се е завршено. Ценам дека за недела две Министерството за финасии ќе излезе со информации за да се потпише договорот меѓу нас и финансиските институции. Проектите ни се од витално значчење бидејќи здравството влегува во фаза на децентрализација и тој дел ни е многу важен.“ – вели Алиу.
Дополнително се враќаат и четиригодишните општи специјализации, посочи Алиу, бидејќи праксата покажува дека тоа е она што му е потребно на здравството. Целта е побрзо да се добијат човечки капацитети.
„Во таа насока менуваме и специјализации, веќе нема да имаме шестгодишни и петгодишни специјализации бидејќи потребите кажуваат дека ние имаме потреба од општи специјализации и ги враќаме и ќе бидат четиригодишни специјализации“ – додава Алиу.
Болниците во Штип, Кичево и Тетово треба да бидат завршени заеднички со вредност од 205 милиони евра, а станува збор за решавање на инфраструктурното прашање како и технологијата.







