17.8 C
Shtip
spot_img

Штипјанец лажно се претставил како полицаец, одзел полициско возило и направил сообраќајка

Уапсен 46-годишник од Штип: лажно се претставил како полицаец, одзел возило, предизвикал незгода и нападнал полицаец

Денес (09.03.2026) околу 09:00 часот, полициски службеници од СВР Штип во угостителски објект на ул. „Сутјеска“ во Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) од Штип.

Околу 08:00 часот, пред влез на средно училиште на подрачјето на Штип, тој од М.А. од Штип одзел службено возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки, откако го сопрел претставувајќи се лажно како полициски службеник и извршил лажен претрес во возилото, по што се упатил кон населбата Ново Село.

Притоа, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило на ул. „Маршал Тито“, а потоа продолжил кон центарот на градот. Околу 08:45 часот на ул. „Сутјеска“ пресретнал жена од Штип која се движела со куче и насилно и го одзел кучето, по што се оддалечил од местото.

По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Штип, возилото било лоцирано, а лицето лишено од слобода. При лишувањето од слобода, полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Во текот на ноќта, истото лице било пријавено и во уште два настани – поради расправија и упатување навреди, како и за оштетување банкомат во објект на ул. „Сутјеска“.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Министерство за внатрешни работи

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img