8.7 C
Shtip
spot_img

Во тек се пријавите за второто издание на „Вардиште Траил“ во Штип

На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек се пријавите како за оваа трка, така и за детската трка, а годинава интересот е голем. Пријавите се отворени уште десеттина дена.

„Во тек се пријавите за детската трка „Вардиште Кидс“ која ќе се одржи втора година по ред, интересот е голем, како што очекувавме. Минатата година имавме околу 120 дечиња, оваа година очекуваме 150 до 200. Стартните пакети ќе се делат на самото место, меѓутоа ќе имаме и ден претходно најверојатно пред Домот на културата каде ќе може да се подигнат стартните пакети“, вели Тони Манев од Ултра.

На детската трка ќе може да се пријават дечиња од шест години до 13 години, а истите ќе бидат во неколку категории. Самата трка е од забавен карактер, а преку истата целта е да се подига свеста и за да не се загадува природата.

„Најмалата возраст од шест години, до 13 години. Должината на трката зависи од возраста на дечињата. Најмалите од шест и седум години ќе трчаат 400 метри, децата од осум и девет години 600 метри, потоа 800 метри и децата од 13 години скоро еден километар односно 950 метри. Ова ќе биде од забавен карактер за децата да може да се рекреираат да се забавуваат. Ќе имаме и доделување на награди за најдобрите. Пред се, вниманието е на сочено дека преку спортот може да се изградат што подобро понатамо во животот. Трката е во природа, со тоа ги учиме децата да ја сакаат природата и да не се загадува“, дополнува Манев.

Паралелно со детската трка, ќе се одвива и главната трка „Вардиште Траил“ на која ќе има натпреварувачи од цела Македонија, но и од странство.

„Паралелно со детската трка, нашиот главен настан сепак е трката „Вардиште Траил“ од 18 километри, со висинско искачување од 750 метри. Имаме исто така голем интерес, ќе има тркачи од цела Македонија, но и од Србија и Бугарија, со што трката ќе биде меѓународна“, дополнува Манев.

Патеката е долга 18 километри што е патеката која не е за потценување и е потребна подготвеност од страна на натпреварувачите за да ја совладат успешно, односно да стигнат до целта.

„За овој вид на натпреварување потребни се добри траил патики, спортска опрема, секој што сака да се пријави може да се проба, но 18 километри не се за потценување, бараат колку толку некоја подготвеност“, рече Манев.

„Вардиште Траил“ минатата година се одржа по првпат и помина успешно, со голем интерес, а годинава со уште поголем број на пријавени натпреварувачи, „Вардиште Траил“ на 29 март ќе го има своето второ издание.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img