12.2 C
Shtip
spot_img

Интересно тврдење – шимпанзата се пијанчат јадејќи овошје

Шимпанзата во дивината често јадат овошје коешто природно содржи алкохол, се вели во ново истражување на Универзитетот на Калифорнија во Беркли, САД.

Овошјето гамбеја албида (gambeya albida) познато како африканско ѕвездесто јаболко, содржи мали количини алкохол поради природна ферментација – обично 0,1 отсто, но во некои случаи и до 0,4 насто. Според истражувањето, спроведено во Националниот парк „Кибале“ вo западна Уганда, сепак, количината алкохол што животните ја внесуваат може да биде толку голема, што тој плод би им бил забранет на луѓе што работат и управуваат со тешка машинерија, на пр., т.е. ги надминува безбедносните прагови на алкохол во крвта на работното место, објави британски „Тајмс“ (The Times).

Сепак, шимпанзо може да внесе количина од ова овошје еднаква на 15 насто од нивната телесна тежина дневно, што е значителен внос на алкохол. Истражувачите собраа примероци од урина од шимпанзата и ги анализираа за присуство на етил-глукуронид (ЕтГ) – биомаркер произведен за време на преработката на етанолот. Резултатите покажаа дека овие мајмуни редовно го надминувале прагот од 500 нанограми на милилитар ЕтГ, што е гранична вредност што се користи во тестовите за алкохол во човечката крв.

Исто така, се забележува оти во времето од годината кога ферментираното овошје е во изобилство, шимпанзата патуваат повеќе, што може да укажува и дека шеќерот во овошјето им дава повеќе енергија.

Иако не е докажано дека шимпанзото е сериозно затруено, наодите ја поддржуваат теоријата за „пијан мајмун“, се вели во написот, којашто вели дека човековите предци, еволуирајќи, научиле да го поврзуваат мирисот на ферментирано овошје со храна богата со калории. Научниците веруваат дека во еволуцијата ова обезбедило предност во нагонот за преживување.

━ повеќе содржини

ДиМ и Елида Маркети доаѓаат во Штип!

Чекајќи ги подготовките за отворање на долгонајавуваните Лидл маркети во Штип и воопшто во Македонија, некако во сенка доаѓаат два македонски брендови маркети. Станува...

Сонце и пролетни температури – еве какво ќе биде времето денес и наредните денови

Под влијание на стабилна атмосферска состојба, денешниот ден носи претежно сончево време проследено со мала до умерена облачност на одделни места. Ќе биде присутен...

Горан Тонев: Никогаш не разговаравме за пиротехниката, туку за репертоарот и звукот

„Пожарот настана над бината. Се симнав по скалите од бината, се упатив кон излезот, екстремно брзо се ширеше пожарот, одгоре од сунѓерот капеа капки,...

Златото достигна вртоглава цена – 141 евро за грам!

Цената на златото на меѓународните берзи денес (26 февруари 2026) се движи на над 141 евра по грам за 24-каратно злато, според најновите податоци...

Мој ДДВ се зголемува од 2100 на 4200 денари?

Се најави поднесување измени на два закони со цел финансиско растеретување на физичките лица и малите економски субјекти, вклучително семејните бизниси, занаетчиите и регистрираните...
spot_img