3.6 C
Shtip
spot_img

Др. Сашко Кедев: “Гладувањето го прочистува телото и умот”

Интервентниот кардиолог д-р Сашко Кедев истакнува дека гладувањето е исклучително корисен начин на живот, бидејќи делува антиинфламаторно и го прочистува телото и умот.

Според него, наједноставниот и најефективен принцип е невечерање, односно последниот оброк да заврши најдоцна до 16–17 часот, по што се консумира само вода до следното утро. Вели дека ваквата практика го намалува внесот на калории, ја поттикнува менталната дисциплина и допринесува за подобри здравствени прогнози.

Кедев наведува дека оваа практика е позната уште од древните цивилизации и е присутна во сите големи религии, што според него е доказ за нејзините долгорочни позитивни ефекти.

Лично, тој го применува овој режим секојдневно – со завршување на последниот оброк рано попладне и гладување до следното утро.

━ повеќе содржини

Чарна Невзати, мис на Македонија: Не знам зошто велат дека мажите се плашат од мене”

Чарна Невзати, 20-годишната студентка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје која во мај ја претставуваше Македонија на Мис на светот во Индија, вели...

Цинкот е еден од најважните минерали за организмот! Во кои намирници го има најмногу?

Нашето тело секојдневно се потпира на минерали и витамини за да функционира правилно, а цинкот се издвојува како еден од петте најважни хранливи елементи,...

Денес е светски ден за борба против сидата! Кои се статистичките податоци за ХИВ вирусот во Македонија?

38 нови случаи на ХИВ/СИДА во 2025, регистрирани 8 смртни случаи Заклучно со 27 ноември 2025 година, во Македонија се пријавени 38 новорегистрирани лица со...

SafeCity почна да функционира! Возете внимателно!

Првите СМС пораки од системот „Безбеден град“ пристигнуваат кај возачите -стартуваше пред најавениот термин Иако МВР најави старт за 1 декември, дел од возачите уште...

„Седум од седум“ за OK Штип УГД

Победничката серија во Првата лига мажи продолжува за одбојкарите на Штип УГД кои до седмиот триумф во исто толку дуели дојдоа попладнево со 3:0...
spot_img