23.9 C
Shtip
spot_img

SafeCity почна да функционира! Возете внимателно!

Првите СМС пораки од системот „Безбеден град“ пристигнуваат кај возачите -стартуваше пред најавениот термин

Иако МВР најави старт за 1 декември, дел од возачите уште на 30 ноември ги добија првите СМС-пораки за регистрирани прекршоци. Известувањата пристигнувале од испраќачот МВР–СЦ и содржеле регистарска табличка и линк до записникот со деталите за прекршокот, вклучително и технички податоци од камерите „Tattile“.

Граѓаните изјавиле дека системот очигледно бил активиран ден порано од планираното. Според најавите, периодот до Нова година требало да биде тест-фаза со предупредувања, но пораките покажале дека камерите веќе целосно функционирале и евидентирале прекршоци.

Најавено беше дека од 1 јануари системот ќе премине во целосна примена и секој прекршок ќе биде казнуван без толеранција, а сопствениците ќе добиваат записник и налог за плаќање. Камерите веќе беа поставени на клучни раскрсници во Скопје и на автопатите по коридорите 8 и 10, со цел намалување на брзото возење, минувањето на црвено и неправилното паркирање.

Според денешните реакции, технологијата тивко го започна процесот – камерите снимале, системот регистрирал, а возачите ги добиваа првите пораки уште пред „официјалниот“ датум – Објави Скопје 1.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img