15.4 C
Shtip
spot_img

„Седум од седум“ за OK Штип УГД

Победничката серија во Првата лига мажи продолжува за одбојкарите на Штип УГД кои до седмиот триумф во исто толку дуели дојдоа попладнево со 3:0 (25:18, 25:18, 25:14) над Работнички 71&22 пред својата публика во салата „Јордан Мијалков“ во Штип.

Тимот на Кристијан Ристески имаш контрола над случувањата на теренот во текот на целиот натпревар, оправдувајќи ја фаворитската улога. Форсираа силен сервис домашните, што им донесе лоша статистика од дури 18 сервис грешки, но во останатите елементи, особено во нападот и блокот беа сигурни.

Предводени од Махди Задмард со 17 поени и репрезентативецот Стојан Илиев со 13 поени штипјани остануваат сигурни на лидерската позиција на прволигашката табела. Во редовите на Работнички 71&22 Кубаневот Густаво Вера Боланос со осум поени беше најефикасен додека Миодраг Новески освои седум поени.

Штип УГД држи одличен ритам сезонава во пресрет на главните испити на домашна сцена, дуелите со Борец (3 декември) односно со шампионот Струмица (6 декември) кои ќе му бидат и последна проверка на силата во пресрет на следниот европски предизвик – италијански Милано (10 декември) во рамките од 1/16 финалето во ЦЕВ купот.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...

Шампионот Штип УГД официјално „ги запали моторите” и комплетен ќе работи под полна пареа!

Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Штип УГД денеска се до-комплетираше со репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија на ЕП во Бугарија и...

Тркалезна маса на тема „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“

Тркалезна маса и промоција на книгата „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“ од проф. д-р Кирил Барбареев ќе се...

Младите македонски информатичари се закитија со медали на Балканската олимпијада во Тирана, штипјанецот Давков бронзен!

Македонскиот тим освои сребрен и бронзен медал на 33-тата Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026) во Тирана. Владимир Грчев од Кочани се закити со...
spot_img