Уште само пет денови до првиот меч од европскиот Челинџ купот во одбојка, каде нашиот клуб Штип УГД ќе настапува за прв пат. Во среда, на 19.ноември во Осло, ОК Штип УГД гостува на норвешкиот ОК Кол Ил во првиот меч од двомечот во Челинџ купот.
Реваншот е закажан за една недела подоцна на домашен терен во Радовиш, бидејки Штип сеуште нема сала која ги исполнува условите за европски купови во одбојка.
Според раководството, шансите за пролаз во следната фаза се 50/50.







