14 C
Shtip
spot_img

“Air Canada” во Штип!

Максимум Краудер е најновото засилување за штипскиот одбојкарски клуб “Штип УГД”. Тој доаѓа од Канада, високе е 203цм и игра на позиција среден блокер. Краудер веќе пристигна во Штип и веднаш се приклучува на тренинзите на штипските пулени.

Годинава, одбојкарскиот клуб од Штип ќе има деби во европските купови, поточно ќе настапи во Челинџ купот против екипата на Кол Ил од Осло, Норвешка.

Амбициите на штипските одбојкари се да се помине норвешкиот претставник и да се пласираат во следното коло на Челинџ купот каде ги чека одбојкарскиот гигант Милано од Италија. Освен на европски план, Штип УГД има високи амбиции и во домашниот шампионат каде повторно ќе атакува на двојната круна.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img