14 C
Shtip
spot_img

Официјално: Од утре (среда) започнува продажбата на влезници за фудбалскиот спектакл во Штип помеѓу ветераните на ФК Брегалница и ФК Црвена Ѕвезда

Официјално, од утре (среда, 03.09) сите заинтересирани љубители на спортот, ќе можат да си набават влезница за ревијалниот фудбалски меч помеѓу ветераните на ФК Брегалница и ФК Црвена Ѕвезда од Белград. Натпреварот ќе се одигра во петок (12.09.2025) под рефлектори со почеток од 19:00 часот на градскиот стадион во Штип.

За овој натпревар, во функција ќе биде пуштена и новата трибина на “Градски”, а влезници за истиот ќе се продаваат во претпродажба по промотивна цена од 150 денари во сите City Point Tobacсо во Штип.

Натпреварот се организира по повод 100 години постоење на фудбалскиот клуб Брегалница од Штип!

Се очекуваат полни трибини и спортски спектакл од невидени размери за Штип.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img