31.8 C
Shtip
spot_img

Во сабота започнува “новата ера” за ФК Брегалница

Во сабота, на 23/08/2025, со почеток во 17:00 часот, фудбалскиот клуб Брегалница ја започнува новата сезона во втората македонска фудбалска лига.

Гостин на отворањето на сезоната ќе биде екипата на Кожуф од Гевгелија. Од штипскиот табор не ги кријат амбициите, кој годинава се високи, односно пласман во прва лига.

Годината, екипата ќе ја води искусниот штипски стратег Влатко Костов, а стожерот на екипата го сочинуваат фудбалери со штипски корени.

Од клубот известуваат дека на почетокот на првенството ќе се користи само старата трибина, бидејки новата сеуште нема технички прием. Влезот ќе биде симболични 100 денари.

━ повеќе содржини

Крај за „all inclusive“ во Турција? Хотелите размислуваат за нов систем за да се намали отпадот од храна

Хотелските аранжмани „all inclusive“, кои со години се заштитен знак на туризмот во Турција, би можеле да претрпат значителни промени. Причината е огромното количество...

Започнаа уписите на УГД

Почнаа уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип за академската 2025/2026 година! Од денес сите кандидати кои аплицирале преку сајтот на Универзитетот, имаат можност...

Најбрз начин да излупите печени пиперки, трик што ја отстранува лушпата со еден потег

Печените пиперки се неопходна состојка во многу традиционални јадења и зимски јадења, но секој што ги излупил знае дека овој дел од работата може...

Ќе се гради ли хибриден клинички центар на НАТО во Штип?

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на одбележување на Денот на Армијата истакна дека во Штип би можел да се изгради хибриден модел на клинички...

Денеска се празнува Преображение Господово

Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава...
spot_img