30.6 C
Shtip
spot_img

Крај за „all inclusive“ во Турција? Хотелите размислуваат за нов систем за да се намали отпадот од храна

Хотелските аранжмани „all inclusive“, кои со години се заштитен знак на туризмот во Турција, би можеле да претрпат значителни промени. Причината е огромното количество отпад од храна – според Турската фондација за спречување на отпад, во земјата годишно се фрлаат околу 23 милиони тони, од кои 35 проценти се овошје и зеленчук што никогаш не стигнува до трпеза.

Претседателскиот совет за земјоделска и прехранбена политика веќе изготвува извештај за борба против расипништвото, кој наскоро ќе биде презентиран пред претседателот Реџеп Таип Ердоган и потоа пред Парламентот. Целта е да се намали фрлањето храна, кое дополнително ја поттикнува инфлацијата на цените.

„Сè почесто се разгледува можноста системот ‘сè вклучено’ да се замени со ‘à la carte’ концепт, каде што гостите би нарачувале онолку колку што можат да изедат, наместо да земаат сè од бифе и дел од храната да заврши во ѓубре“, изјави Рамзан Бингол, член на Советот и претседател на здружението TÜRES.

Особено проблематичен е трендот на „луксузните појадоци“, каде што ресторани инсистираат на задолжителни порции по број на гости. „Дури 50 проценти од храната од овие појадоци се фрла, бидејќи на масата доаѓа многу повеќе отколку што навистина е потребно“, вели Бингол.

Хотелските бифеа, според него, се уште еден извор на голем отпад. Туристите често земаат по малку од сè, но не успеваат да изедат, па огромни количини завршуваат во ѓубре.

Освен во хотелите и рестораните, извештајот посочува и на проблемот со фрлање храна на улиците под изговор дека се храни улични животни, што според експертите создава нехигиенски услови и ризик за болести. Наместо тоа, остатоците треба да се собираат и испраќаат во засолништа.

Доколку Парламентот го поддржи извештајот, се очекува воведување на законски мерки – меѓу нив и забрана за задолжителни порции по лице, како и можност гостите да пријават угостителски објекти кои не го почитуваат тоа. Турските хотелиери сметаат дека концептот „all inclusive“ веројатно ќе остане, но во изменета форма, со поголем акцент на рационално користење на храната.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img