30.6 C
Shtip
spot_img

Банкротира Лајонес – пирамидата која сега ќе изгори пари на многу луѓе, ЌЕ ИМ СЕ СУДИ ЛИ НА ИЗМАМНИЦИТЕ?!

MyWorld, кешбек платформата која се спои со Лајонес и стана најпозната како нејзин наследник е во стечај. Со тоа, неизвесна е судбината и на Лајконет, фирмата за мрежен маркетинг чиј единствен клиент е myWorld.

Банкротирана е фирмата „мајВорлд Интернешнл АГ“, која е сопственик и на фирмата „мајВорлд Македонија“. Управител на македонската мајВорлд е Радован Витошевиќ, кој до скоро беше и оперативен директор на „мајВорлд Интернешнл АГ“.

Новинарите го запрашуваат Зоран Витанов, долгогодишен претставник и акционер во „Лајконет Аустриа ГмбХ“ која е сопственик и на „Лајконет Македонија“, а чија иднина сега е во прашање поради стечајот. Тој вели дека не може да зборува во името на „мајВорлд“, но ја потврди информацијата за стечајот.

Да, има активен стечај, меѓутоа myWorld. Јас не сум релевантен да зборувам за myWorld. Лајконет е маркетинг агенција која што е регистрирана само со една единствена намена – да има ексклузивно право по принцип на мрежен маркетинг да ја промовира myWorld. Но, се уште си функционира кешбекот. Бидејќи Лајконет има само еден клиент, а кој сега е под стечај, автоматски Лајконет престанува да функционира додека има активен стечај“, рече Витанов за Фактор.

Ианку фирмата „мајВорлд Македонија“ низ годините бележела раст на приходите, но големи осцилации во расходите. Во 2022 година, имале приходи од 2.46 милиони евра и расходи од 2,36 милиони евра, по што останала добивка од 66 илјади евра. Приходите во 2023 година биле безмалку 2,85 милиони евра, а расходите 2,56 милиони евра и оствариле трипати поголема добивка претходната година, односно 197 илјади евра.

Лани, фирмата била со приходи од 3,06 милиони евра. Имале расходи од 2,98 милиони, а добивката била 45 илјади евра. Во неа, според последните достапни информации, има осуммина вработени. И покрај стечајот на фирмата сопственик, македонската компанија се уште функционира.

Сопственик на главните фирми на мајВорлд и Лајконет е Австриецот Хуберт Фрајдл, чие богатство е проценето на 500 милиони долари.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img