13.6 C
Shtip
spot_img

Министерство за енергетика: Објавен оглас за распределба на инвертер клими за ранливите семејства

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) објави мерка која директно го таргетира најчувствителниот сегмент од населението – ранливите потрошувачи на енергија. Со јавен оглас што стапи во сила, Министерството започнува со распределба на енергетски ефикасни инвертер клима уреди за 2025 година.

-Мерката се реализира согласно Програмата за изменување и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година („Службен весник на РСМ“ бр. 161/25). Согласно јавниот оглас за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, со цел унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење, домаќинствата кои ги исполнуваат условите ќе се стекнат со право на купен и вграден инвертер клима-уред со моќност од 3,5 киловати и енергетска класа од најмалку А+, информираат од МЕРМС.

Овие уреди, како што се вели во соопштението, не само што штедат електрична енергија, туку обезбедуваат и висока ефикасност за греење и ладење – токму таму каде што е најпотребно.

Рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавувањето на огласот во дневен весник.

Повеќе информации како и потребните обрасци за аплицирање се објавени на веб-страницата на Министерството: www.energy.gov.mk .

За борбата против енергетската сиромаштија МЕРМС издвојува 170 милиони денари.

━ повеќе содржини

Првомајски снежен пикник на Златибор и Копаоник!

Златибор и Копаоник осамнаа утрово под снегот што сè уште вее. На Копаоник, во 7 часот, температурата беше измерена на минус 3 степени. Во моментот...

Општина Штип продава три градежни парцели за лесна индустрија и стовариште во Плуждино

Три градежни парцели во месноста Плуждино се продаваат преку јавно надавање. Секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова денеска информираше дека Општината ја објави втората...

Слабеењето не е магија – Една и единствена формула за губење на килограмите!

Слабеењето често се доживува како краткорочен процес, но вистинскиот предизвик е одржување на постигнатата тежина. Според експерти од областа на исхрана и фитнес, постои...

Од бравар до Mаршал: животот на Јосип Броз Тито меѓу скромност и луксуз

Роден на 7 мај 1892 година во селото Кумровец, во тогашната Австроунгарска, Јосип Броз Тито потекнува од скромно, мешано хрватско-словенечко семејство. Неговиот животен пат...

“Пештерата на кристалите” – место во кое не смеете да останете подолго од 15 минути

Длабоко под планината Сиера де Наика, во мексиканската сојузна држава Чивава, се наоѓа едно од најнеобичните природни чуда во светот – пештера исполнета со...
spot_img