14.4 C
Shtip
spot_img

Кога тенисот бил опасен спорт кој се играл со волнени топчиња

Деновиве внимателно ги следиме натпреварите на Вимблдон, со сите предизвици на внесувањето на ВИ наместо човечки линиски судии, повреди поради кои се предаваат мечеви, славни личности во публика и засега без скршени рекети. Порано се играло само со дланка и со многу тврди топчиња кои можеле навистина да повредат. 

Во 1570 година, еден Французин бил уапсен поради криумчарење тајна кореспонденција меѓу Франција и Англија. Во записникот од неговото испрашување, случајно се спомнува дека со себе носел и кожна торба во која имало „четириесетина волнени топчиња за играње тенис“. Неговите испитувачи сметале дека тие се само начин за пренесување на тајни пораки, но сосема е веројатно волната, доколку била навистина цврсто стегната, да овозможувала отскокнување на топчињата.

Францускиот термин што се користел за оваа игра е jeu de paume (игра со дланка), спорт што се играл или со гола рака или со ракавица, а не со рекет. Од овој спорт произлегло она што денес се нарекува „вистински тенис“ (real tennis), различен од модерниот тенис на трева каков што се игра на Вимблдон.

Слични предмети како спомнатите топчиња биле најдени во палатата Те во Мантуа, Италија. Дел од нив биле лоцирани на покривот на палатата, други во блиската црква. Биле направени од кожа, ткаенина и конец, а наместо со волна, биле полнети со земја или животинска коса. Како и рачно изработените тениски топки денес, овие биле потврди, со нерамномерна големина и обично не биле обоени, освен со по некоја едноставна декорација.

Денес, „реалниот тенис“ е познат како „спорт на кралевите“, поради барањата за агилност и физичка подготвеност. Најпознатиот терен во Англија се наоѓа во дворецот Хамптон Корт, но има и многу други, како на пример еден близу Универзитетот во Ворвик.

Францускиот крал Луј Десетти бил голем љубител на jeu de paume и прв наредил изградба на затворени терени за игра, што подоцна станало популарно низ цела Европа. Во јуни 1316 година, по особено напорна партија, тој испил големо количество студено вино и наскоро потоа починал — најверојатно од плеврит (белодробно заболување), иако имало сомнежи за труење.

Во 16 век, имало два терени за jeu de paume во Лувр и уште многу низ Париз и во други кралски палати. Извештаи од амбасадори опишуваат чести натпревари меѓу благородници и кралеви, кои понекогаш завршувале со повреда — особено ако некој бил удрен со една од тврдите топки.

Французинот со многуте топки во 1570 најверојатно видел профитабилна можност поради растечката популарност на играта во Англија за време на Тјудорите. Веќе во тоа време ниту една европска кралска палата не се сметала за целосна ако немала терен за тенис, каде што владетелите и нивните свити ги покажувале своите вештини, често пред амбасадори, кои потоа пренесувале впечатоци кај своите владетели. Така, овој спорт станал меѓународен.

За среќа, денешниот тенис е далеку помалку опасен – нема топки полни со земја, ниту страв дека ќе сносите смртоносни последици ако победите исцрпен благородник.

Антологиската сцена си играњето вербален тенис во „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ (со младите Тим Рот и Гери Олдман)

━ повеќе содржини

ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ОДЗЕМАНИ ОД ДРВОКРАДЦИ СО ГОДИНИ СЕ ТРУПААТ ВО КРУГОТ НА „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ВО ШТИП

Стотина хаварисани и нерегистрирани автомобили, трактори и камиончиња, одземени од шумската полиција поради нелегална сеча и транспорт на огревно дрво, со години стојат во...

Штипјанецот Коки Јанков со двоен албум и концерт во најава

„Навикни на промени“ е новиот двоен албум на музичарот Никола Јанков-Коки, кој треба да излезе за неколку месеци. Албумот е насловен по една од...

Новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет, но е во добра здравствена состојба

„Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав неколку пријатели кои се поврзани со него. Ми рекоа дека, фала му на Бога, тој е...

Богат спортски викенд претстои во Штип…фудбал, одбојка, кошарка

Во сабота со почеток од 14:30 ФК Брегалница во походот кон прва лига ја пречекува екипата на Саса од Македонска Каменица на Градскиот стадион...

Последната книга на Благој Самоников ќе биде промовирана постхумно

Утревечер постхумно ќе биде промовирана последната книга на авторот Благој Самоников, насловена како ,,Крикот на занемениот молк“ во домот на културата Ацо Шопов во...
spot_img