Утревечер стартува 40-то јубилејно издание на „Штипско културно лето“ – најголемата летна манифестација во градот. Стартот е закажан во 20:30 часот, во галеријата Безистен, со концерт посветен на автентична чалгиска музика, нешто што одамна не се слушнало во Штип.Следуваат недели исполнети со концерти, театарски претстави, книжевни настани, изложби и работилници. Општина Штип најавува програма што ќе го задоволи вкусот на сите љубители на културата.
,,Општина Штип како организатор на 40 јубилејно лето во овој момент може да каже дека е се подготвено, очекуваме утре во уметничката галрија Безистен во 20:30 часот да го означиме почетокот со првиот концерт на Филип Шубевски, езгија квартет, станува збор за една исклучително квалитетна група, која што негува чалгиска музика, нешто кое што одамна не било присутно во Штип, очекуваме посетеност и да почнеме успешно. Се што се реализираа во рамките на ШКЛ , влезот е бесплатен, па затоа ги поканувам сите љубители, не само на овој настан потоа ќе следуваат и концерти, театарски претстави, работилници, книжевни манифестации.“, рече Панајотов
Во рамки на летната културна програма, организаторите се погрижија да понудат содржини за сите генерации. Особено внимание е посветено на најмладите, за кои се подготвени забавни и едукативни настани.

“Покрај овие вообичаени концерти за сите возрасти, имаме неколку содржини кои се посветени за најмладата популација. Затоа ги поканувам најмладите заедно со нивните родители и баби и дедовци на 26 јуни станува збор за театарската претстава пеплашка во Дом на култура Ацо Шопов.“, додава Панајотов
Инаку, заклучно од утре па се до крајот на јули, Штип ќе живее во ритамот на музиката, уменоста и културата. Оваа година програмата е разнообразна и богата за сечии вкус.