31.9 C
Shtip
spot_img

Со порастот на температурите, растат и интервенциите на брзата помош во Штип

Со зголемување на дневните температури се зголемува и бројот на прегледи на брзата помош во Штип. Се уште не е алармантно, но забележително е дека се повеќе граѓани бараат помош, заради повраќање, стомачни вируси, покачена телесна температура и слично. Како што вели доктор Тоше Бојчевски, тоа е за очекување овој период од годината.

„Зголемен е бројот на интервенции и на терен и фрекфенција на пациенти кои доаѓаат во дежурната амбуланта. Имајќи во предвид дека се работи во летен период, имаме специфичности во однос на симптоматологијата. Постепено се зголемува бројот на пациенти со стомачни вируси, течни столичи, повраќање, стомачни болки. Тоа е за очекување“ – вели Бојчевски.

Се уште доминираат пациенти со кардио васкуларно тегоби, односно лица со хипертензија и тие се најчести пациенти на Брзата помош во Штип. Се зголемува и бројот на колапси, а зголемен и бројот на интервенции како во Брзата помош така и на терен.

„Бројот на колапси еве за месец јуни имаме зголемување но не во таа мера бидејќи немавме некој посериозен топлотен бран. Имаме зголемен број на интервенции, додколку во зимскиот период сме имачле во просек до 17, сега имаме до 22 на ден. До сега од јануари амбулантски прегледи имаме 7260, а 2732 повици за на терен“ – додава Бојчевски.

Во пресрет на првиот најавен топлотен бран Бојчевски апелира да се почитуваат советите од лекарите со цел граѓаните да не завршат во болница.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img