22.8 C
Shtip
spot_img

Почина иконата на козметичката индустрија Леонард Лаудер

Леонард Лаудер, долгогодишниот лидер и наследник на светски познатиот козметички бренд „Есте Лаудер“, почина на 93-годишна возраст. Тој беше најстариот син на основачот на компанијата, Есте Лаудер, жената која ја претвори семејната работилница во глобално име за убавина.

Компанијата ја објави неговата смрт во саботата, без да наведе причина.

Лонард Лаудер е роден во Њујорк, син на Ести и Џозеф, унгарски еврејски имигранти. Неговата мајка го основала брендот Есте Лаудер во 1946 година и постепено го претворила во синоним за луксузна нега на лице и тело. Леонард се приклучил на семејниот бизнис во 1958 година, откако служел во американската морнарица и дипломирал на Универзитетот Колумбија.

„Моите години во морнарицата можеби не беа драматични, но беа формативни за мене“, напишал подоцна во билтенот на Американскиот поморски институт.

Леонард Лаудер го презеде раководството на компанијата во 1982 година и ја водеше како извршен директор до 1999 година, а потоа како претседател на одборот до 2009 година. За време на неговото раководство, компанијата помина низ клучна трансформација – од семеен бренд до глобален гигант.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img