23.5 C
Shtip
spot_img

Осум македонски државјани денес ќе бидат евакуирани од Израел

До денес, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Министерот нагласи дека веднаш по добиените информации за ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството преку дипломатско-конзуларното претставништво во Израел започнало активности за евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на таа земја. Формиран е кризен штаб со примарна надлежност за организација на безбедно извлекување на нашите државјани, а Амбасадата во Тел Авив од самиот почеток на кризата е во редовна и директна комуникација со нив.

„Согласно најновите информации, заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација. Првата фаза од процесот ќе се реализира преку трета земја – Египет. Очекуваме осум наши државјани (четири возрасни лица и четири деца) до крајот на утрешниот ден да бидат префрлени на безбедна територија, од каде што по воздушен пат ќе се изврши нивно враќање во земјата“, изјави Муцунски.

Тој додаде дека македонската амбасада во Тел Авив активно ги финализира подготовките за првата група – вклучително и обезбедувањето на потребната документација, логистиката и организацијата на безбеден конвој за трансфер кон Египет.

„Како што беше побарано од самите државјани, втората група се очекува да ја напушти територијата на Израел и да замине кон нашата држава веднаш по воспоставувањето на редовен авионски сообраќај од аеродромот во Тел Авив“, додаде министерот.

Со оглед на прекинот на редовниот воздушен сообраќај со Израел, оваа фаза од евакуацијата ќе се реализира со авион во сопственост на Владата, кој ќе обезбеди транспорт за првата група државјани кои изразија подготвеност веднаш да ја напуштат територијата на Израел.

Муцунски посочи дека персоналот на нашата амбасада се наоѓа на безбедна локација и останува постојано на располагање на македонските граѓани. Воедно, потсети дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите наши државјани да се воздржат од патувања во Израел и Иран, освен во случаи на апсолутна неопходност.

„Повторно нагласуваме дека 24-часовно се достапни дежурните телефонски броеви на Министерството и на нашата амбасада во Тел Авив за сите прашања, поддршка и конзуларна помош“, подвлече министерот.

На крајот на прес-конференцијата, Муцунски упати апел до сите страни да го почитуваат меѓународното право и да покажат воздржаност.

„Внимателно ја следиме состојбата на Блискиот Исток и ја изразуваме нашата најдлабока загриженост за опасната ескалација. Ја повторуваме нашата силна посветеност на регионалната и глобалната безбедност и апелираме до сите страни да го почитуваат меѓународното право, да покажат воздржаност и да се воздржат од понатамошни дејствија кои би можеле да доведат до сериозни последици“, заклучи министерот Муцунски.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img