10.6 C
Shtip
spot_img

Дејвид Бекам прогласен за витез од кралот Чарлс

На роденденската забава на британскиот крал Чарлс, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам беше прогласен за витез, како признание за неговиот долгогодишен придонес во спортот и британското општество. Титулата беше објавена во традиционалниот список на добитници.

„Никогаш не замислував дека ќе добијам таква чест“, изјави Бекам, кој пораснал во скромно семејство во источен Лондон.

Петдесетгодишниот поранешен фудбалер, пензиониран во 2013 година, и неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на „Спајс грлс“, сега официјално ќе носат титули сер Дејвид и леди Викторија.

Бекам е светска икона во фудбалот и модата, а беше номиниран за витез со години. Тој одигра 115 натпревари за Англија и освои многубројни трофеи со „Манчестер јунајтед“. Активен е и во хуманитарната работа, соработувајќи со УНИЦЕФ и кампањи за искоренување на маларијата.

Во јуни 2024 година, кралот Чарлс го назначи за амбасадор на својата фондација. Дејвид и Викторија се блиски пријатели на кралското семејство и биле гости на кралските венчавки на принцот Вилијам и принцот Хари.

Бекам претходно ја доби и почитуваната титула Орден на Британското Царство (OBE) од кралицата Елизабета II во 2003 година.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img