19.3 C
Shtip
spot_img

Земјотрес со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит

Во морскиот дел јужно од грчките острови Касос и Родос, кусо пред 2 часот по полноќ, беше регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степен, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака со предупредување за можно цунами и побарано од граѓаните веднаш да се оддалечат од крајбрежјето.

Земјотресот беше почувствуван како на Родос и Касос, така и на Крит, без при тоа да предизвика материјална штета.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ рече дека конкретниот земјотрес не е поврзан ниту со оние во близина на Санторини, ниту со оние во Турција и нагласи дека нема потреба од загриженост, јави МИА.

Посочи дека главната карактеристика на земјотресот е што фокусната длабочина е 60 километри и според него, на оваа длабочина, земјотресите се случуваат еднаш, односно нема ниту претходна, ниту последователна серија земјотреси.

Во однос на превентивната порака од 112 за можно цунами, Лекас објасни дека земјотрес со оваа јачина може да предизвика цунами и никој не може да знае со сигурност.

  • Во суштина немаме пробив на дното, пробивот не го достигнува дното, затоа немаме цунами. Сепак, цунами може да се создаде од подводни лизгања на земјиштето, кои можат да се појават во морето и затоа добро е да се испрати сигнал, дури и ако нема доволно голема веројатност да видиме такво цунами. Сепак, во секој случај, мислам дека нема причина за загриженост. Разговарав и со градоначалниците на областите и ми рекоа дека барем со досега достапните податоци, нема штета, истакна претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img