8.7 C
Shtip
spot_img

За мајките од Кочани и Штип нема утеха, но мораат да се борат за своите права – модната дизјанерка Кикириткова отворено за мајчинството

Штипјанката Маја Кикириткова, една од најпопуларните модни дизајнерки кај нас не ги крие предизвиците од јавноста со кои се соочила и за време на двете бремености.

Таа е мајка на две прекрасни дечиња Лазар и Ева и двтете деца ги родила предвремено и со царски рез.

– Си велев зошто баш јас да морам два пати да поминувам низ истата болка, две предвремени породувања, два царски реза едно по друго за краток период од само две години, но јас сум таква во секое лошо се трудам да го анјдам доброто. Којзнае зошто требало така да биде, еден ден ќе се покаже можеби зошто баш јас. Фала богу децата ми се живи и здрави  – вели таа во емисијата „Мамавизија“ кај водителката Беал -Александра Вуксановиќ.

Во емисијата Кикириткова се навраќа на спомените од детсвото, на тоа каква е нејзината мајка. За тоа каков бил животот во Штип.  При тоа споменува и з атоа дека ги познавала семејствата на петте загинати деца од Штип во дискотеката Кочани.

– Ги познавам сите и тоа е болка која што не поминува. Градот е се уште облеан со тага, на плоштадод се уште стојат нивните фотографии, свеќи се палат се уште. За овие мајки, за овие родители нема утеха. Јас само ќе им порачам да продолжат до крај да се борат за нивните права – вели таа.

Според Кикириткова се што се организира во следниов период треба да биде од хуманитарен карактер за натсраданите од Кочани.

– Ние во Штип оваа година го одложивме настанот „Штип фешн дејс“ го одложивме, бидејќи едноставно се нема сила за нешто такво.Според мене не може да се организра нешто и се да тече нормално како ништо да не се случило. Секој еднен настан во следниов период треба да биде од хуманитарен карактер за настарданите од Кочани – рече таа.

Кикириткова открива дека никогаш не посакувала да се отсели од државава, но по оваа трагедија признава дека размислува и за тоа бидејќи се плаши за иснината на нејзините деца.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img