24.8 C
Shtip
spot_img

Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница

Во штипската модуларна болница е регистриран нов вандализам од страна на непознати сторители. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дека непознати сторители ја саботирале електрична инсталација со цел да предизвикаат пожар во објектот.

– Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикаат краток спој и пожар. Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар, вели во фејсбук статусот Захариев.

Тој истакнува дека овие вандалски акти ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција и унапредување на модуларната болница, која треба да обезбеди подобри услови за згрижување на пациенти и работа на медицинскиот кадар.

-Станува збор за сериозна закана која бара итна и решителна реакција, вели Захариев.

Тој во телефонска изјава вели дека случајот е пријавен во Полиција. Инаку болницата во изминатата година десет пати има пријавувано дека  некој влегувал и крадел делови и инвентар од модуларната болница.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img