Први мај – Меѓународниот ден на трудот е неработен ден за сите граѓани во земјава. Оваа година се паѓа во петок, што значи продолжен викенд и добра можност за краток одмор или излет.
Според најновите прогнози, деновите пред празникот ќе донесат стабилно и топло време. Неделата започнува со сончево време и температури до 28 степени, додека во понеделник и вторник ќе преовладува сончево со мала облачност и температури од 25 до 26 степени.
Кон средината на неделата, во среда, се очекува умерено наоблачување, но температурите ќе останат релативно високи, околу 25 степени. Веќе во четврток следува поизразена промена – облачно време со дожд и значителен пад на температурите, кои ќе се спуштат до околу 15 степени.
Токму оваа промена ќе се прелее и во продолжениот празничен викенд. За 1 мај се очекува променливо време со сончеви периоди и температури околу 17 степени, додека за сабота прогнозата најавува нешто потопло време, до околу 20 степени, со можност за повремени врнежи.
Иако викендот нема да биде целосно стабилен како почетокот на неделата, температурите ќе останат пријатни за престој на отворено, со краткотрајни врнежи и сончеви интервали.







