12.9 C
Shtip
spot_img

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Артемис II беше лансиран во средата, 1 април. Тимот Артемис, составен од Рид Вајзмен, Виктор Гловер, Кристина Ко и Џереми Хансен, се наоѓа на десетдневна мисија околу Месечината, со цел да го забележи најдобриот поглед на нејзината темна страна досега.

Бидејќи ќе поминат повеќе од една недела во вселената, многумина се прашуваат што астронаутите јадат секојдневно и како се подготвува храната во услови на бестежинска состојба.

Што јадат астронаутите во вселената?

Храната во вселената обично се чува во пакувања со долг рок на траење, како кеси, зип-пакувања и конзерви, за да се спречи расипување. Подготовката се врши со помош на микробранови уреди и специјални печки.

Според објаснувањето на Royal Museums Greenwich, дехидрираните оброци најчесто се подготвуваат со додавање вода преку посебен систем, додека астронаутите го скенираат секое пакување за да следат што веќе изеле.

Порано вселенската храна била ограничена на пасти и дехидрирани оброци, но благодарение на технолошкиот напредок, денес вклучува и свежи намирници.

Храната се дели во неколку категории:

-Свежа храна, како овошје и зеленчук, која трае до два дена и се консумира брзо
-Месо и млечни производи со продолжен рок на траење и намален ризик од бактерии
-Намирници со низок процент на влага, кои се меки и не бараат дополнителна подготовка

Покрај тоа, има и јаткасти плодови, колачиња, чоколади, како и оброци кои можат да се рехидрираат. Готовите јадења термички се обработуваат за да бидат безбедни за консумирање.

Д-р Соња Брунс од Европската вселенска агенција објасни: „Термостабилизираната храна само се загрева и веднаш се јаде. Дехидрираната храна бара додавање топла вода и неколку минути чекање. Супата се пие преку сламка поради микрогравитацијата, која го отежнува консумирањето на течности.“

Намирниците и пијалаците вклучуваат: тортиљи, пченични лепињи, гранола со боровинки, зеленчук во прав, колбаси за појадок, кус-кус со ореви, салата од манго, макарони со сирење, карфиол и тиква, овошни салати, колачиња, чоколади, зелен чај, кафе, лимонада, сок од јаболка и смути од манго и праска.

Лични предмети што ги понесоа астронаутите

Рид Вајзмен, командант

Бивш тест-пилот на американската морнарица и самохран татко на две тинејџерки, кои ги одгледува откако ја загубил сопругата која ја изгубила битката со ракот во 2020 година. Со децата отворено разговарал за ризиците на мисијата.
Планира да понесе мала тетратка во која ќе ги забележува своите мисли за време на летот.

Кристина Ко, специјалист на мисијата

Инженерка и физичарка која веќе го држи рекордот за најдолг престој на жена во вселената – 328 дена на Меѓународната вселенска станица. Учествувала и во првата женска вселенска прошетка.
Со себе носи рачно напишани пораки од блиски лица како личен спомен.

Џереми Хансен, специјалист на мисијата

Бивш пилот на канадското воено воздухопловство, кој овојпат оди во вселената за прв пат, станувајќи првиот Канаѓанец во длабоката вселена.
Со себе носи четири медалјони во облик на Месечина за сопругата и децата, како и јaвлров сируп и колачиња.

Виктор Џеј Гловер, пилот

Бивш пилот на американската морнарица и првиот Афроамериканец кој патува кон Месечината. Оженет и татко на четири деца.
На пат понесува Библија, бурма, семејни спомени и збирка инспиративни цитати на астронаути од мисијата Apollo 9.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img