32.1 C
Shtip
spot_img

Поевтинување на горивата од полноќ: Намалени акцизи и ДДВ

Од полноќ, граѓаните ќе почувствуваат благо олеснување на пумпите. Цените на бензинот се намалуваат за два денара по литар, додека дизелот останува на исто ниво. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната итна седница на Владата.

Владината одлука предвидува намалување на акцизата: за дизелот за четири денари, а за бензините за два денара. Дополнително, се продолжува мерката за намалена ДДВ стапка за горивата: од 18 на 10 отсто, а со компанијата ОКТА е договорено да остане во сила и специјалниот попустм два денара кај бензинот и три денара кај дизелот, најмалку до крајот на април.

Мицкоски истакна дека мерките се насочени кон ублажување на ценовниот притисок врз домаќинствата и зачувување на животниот стандард. И покрај забележаното зголемување на побарувачката, особено во пограничните региони каде таа се зголемила и трикратно, засега нема потреба од ограничување на количините за странските купувачи.

━ повеќе содржини

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...

После смртта на својот татко, Меси става крај на фудбалската кариера!

Потресен од загубата на својот татко, Лионел Меси решил да ја стави кариерата во мирување на неопределен период за да остане со своите најблиски...

Наскоро: Чоколадо кое нема да се топи на летните горештини

Чоколадото во иднина би можело да остане цврсто и на температури од 38 до 45 степени Целзиусови, а научниците веќе работат на развој на...

После повеќе од 20 години, ЈП Исар го решава проблемот со водоводната линија во штипско “Горно маало”

По повеќе од две децении, конечно се создадоа услови за долгорочно решавање на еден од проблемите со кои со години се соочуваат жителите на...

14 различни начини на спремање на оброк од јајца

Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но,...
spot_img