Бојан Миовски ја надмина кризата од стартот на сезоната, па македонскиот голгетер повторно блеска во дресот на Ренџерс.
Неколку дека откако беше двоен стрелец на гостувањето против Килмарнок, Миовски вечерва блесна и во Лигата на Европа, постигнувајќи мастрелане гол со ножички на гостувањето против Ференцварош.
Миовски донесе водство за Ренџерс во 27. минута од средбата. Мајсторијата на македонскиот репрезентативец на мечот во Будимпешта можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Сепак, сето тоа не значеше и победа за Шкотите, откако Ференцварош успеа да стигне до целосен пресврт. Домашните најпрво израмнија со голот на Отвош во последните секунди од првиот дел, а потоа Варга во 73. минута погоди за 2-1.







