11.2 C
Shtip
spot_img

Уште четворица повредени ноќеска од Скопје префрлени во Атина

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство ноќеска од Скопје во Атина се префрлени уште четворица повредени во пожарот во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на МИА, станува збор за четири лица со изгореници кои ќе бидат хоспитализирани во воена болница во Атина.

Воениот авион од Атина полета вчера вечерта околу 22.30 часот по локално време за Скопје, а откако ги презема повредените веднаш се врати на воениот аеродром во грчката престолнина.

На ист начин завчера вечерта беа пренесени три лица, кои се во Општата воената болница 401 и како што претходно објави МИА се во релативно добра состојба, а станува збор за млади лица на возраст од 22 до 24 години, кои во пожарот се здобиле со изгореници.

Со четворицата повредени кои во Атина рано утрово пристигнаа, вкупниот број на хоспитализирани во Грција ќе биде 12, петмина во Солун (тројца во болницата Папаниколау, двајца во воената болница 424) и седуммина во воени болници во Атина.

━ повеќе содржини

Денес се слави и чествува Покровита Богородица!

Денес е Покров на Пресвета Богородица – уште познат и како Покровита Богородица – голем празник кој со особена побожност се чествува во Штип,...

Автофагија – процес во кој организмот “се јаде самиот себе”

Целта на автофагијата е да го „изеде“ сето тоа што не чини во телото и да го претвори во енергија Автофагија во буквален превод значи...

Ако Лихтенштајн не прими „шестка“, тогаш и реми во Кардиф ни носи полесен ривал во баражот!

Македонската фудбалска репрезентација синоќа ремизира против Казахстан, додека Белгија славеше во Кардиф против Велс (4-2) што значи дека речиси сигурно ги изгуби шансите за...

Раде Рогожаров со голем кам-бек на музичката естрада!

По подолга пауза, една од најпознатите и најпозитивни јавни личности во Македонија, штипскиот актер, ТВ водител и пејач Раде Рогожаров, официјално најави дека се...

Столе Димитриевски: Целта е јасна, да излеземе на терен и да победиме

Репрезентацијата на Македонија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува составот на Казахстан, во меч кој може да биде клучен за...
spot_img