22 C
Shtip
spot_img

Ужас! Португалскиот фудбалер Диого Жота од Ливерпул загина во сообраќајка!

Ужасни вести доаѓаат од светот на фудбалот. Актуелниот фудбалер на Ливерпул Диого Жота на 28-годишна возраст денес загина во сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила во областа Замора, на автопатот А-52, во близина на општина Паласиос Де Санабриа во Шпанија, причината била пукање на гумата на возилото, а Диого бил заедно со својот брат кој исто така починал.

Од таборот на Ливерпул сеуште не ја потврдија несреќата, а стравичната вест ја потврди реномираната “Марка”.

Инаку, Диого Жота се ожени со својата сопруга пред само 10 дена.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img